Вонредна временска прогноза: Од утре топлотен бран и жолта фаза - не излегувајте ако не морате

 

Втор пат годинава топлотен бран ќе ја зафати Македонија. Утре и задутре во најголем дел од земјава температурата ќе го надмине 30-от степен. По прогнозата од УХМР надлежните го вклучија жолтиот аларм за заштита на населението од високи температури. Министерството за здравство излезе со препораки до граѓаните за да се превенираат последиците од топлото време.

-Ги потсетуваме граѓаните да ги почитуваат опшите препораки за населението, во однос заштита од директна сончева изложеност, како што се:

- избегнување подолг престој на отворено во периодот од 11 до 16 часот,

- носење лесна и светла облека

- консумација на лесна храна и течности, 

- хигиена на раце и хигиенски начин на подготовка на храната, како и

- редовно земање на терапијата кај хронично болните лица, вели д-р Јованка Костовска од министерството за здравство.

Според најавата на синоптичарите се очекува топлотниот бран да трае до среда по што се очекува намалување на температурите во цела држава.

најчитано сега