Иванов во Велгошти: Барам доверба за да работиме заедно како тим за Македонија
Првиот митинг актуелниот претседател на Македонија, Ѓорѓе Иванов, кој ја трча трката за втор претседателски мандат, се одржа во охридското село Велгошти.
-Кога се работи тимски и заедно секогаш резултатите се видливи! Барам доверба за да работиме заедно како тим за Македонија. Покажавме дека знаеме да ја сакаме Македонија и да се посветиме на граѓаните на Република Македонија. Таа љубов ни се враќа на сите избори, затоа ВМРО-ДПМНЕ победува. Затоа што е со својот народ! Затоа Македонија се гради, се гради просперитетот и успехот на Македонија. Од секој наш успешен човек, произлегува успехот на државата, изјави Иванов.
-Ве очекувам за заедно да извојуваме уште една голема, двојна победа за Македонија! Државата пред се! Македонија пред се!, нагласи Иванов.
Големиот митинг ќе се одржи вечерва во Охрид.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа