Починатиот Пол Вокер и понатаму „ќе глуми“ во „Брзи и бесни“

Јавноста дозна за тоа што ќе селучи со ликот кој ќе глуми во новиот филм на „Брзи и бесни 7“, кој претходно во глава улога беше сега веќе починатиот актер Пол Вокер.

Ова го откри извор близок на компанијата „Јуниверзал“, која работи на седмото продолжение од филмското дело.

Од компанијата на почетокот на годината планираа да го пензионираат ликот на Вокер, но се чини дека Брајан О’Конор и понатаму ќе живее блрагодарениа на ЦГИ технологијата (компјутерски направен приказ). Изворот посочува дека продуцентите пронашле актери кои ќе го обезбедат неговото движење, неговиот глас и лице ќе бидат обезбедени со помош на CGI технологија. 

Официјалните лица од компанијата „Јуниверзал“ веруваат дека оваа одлука ќе им се допадне на фановите на популарната франшиза, иако е јасно дека на многумина избраната метода ќе им биде морничава. Некои сметаат дека најдобро би било да се преправи сценариото и да се пензионира Брајан О`Конор, со оглед на тоа што овој лик во филмот стане татко, кој сака да го заштити своето семејство.

24.03.2014 - 15:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега