Дел од скопските населби утре без струја

Корисниците од улиците „Костурски Херои“, „Радњанска“ и „Благој Давков“ во општина Центар, утре од 8 до 12 часот ќе бидат без електрична енергија.

Во периодот од 9 до 15 часот, без струја ќе бидат корисниците од село Бојане, општина Сарај.

Причината за прекините во снабдувањето со електрична енергија е изведување инвестициски зафати во електроенергетската мрежа.

24.03.2014 - 14:19
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега