Со автомобилот влетал во касарна - повредени три лица

Уште една страотна сообраќајна несреќа ја потресе Србија. Момче од Крагуевац со својот автомобил влетало во касарна, при што се повредени три лица.

Како што пренесуваат српските медиуми, несреќата се случила околу еден часот по полноќ кога возило влетало во дворот на касарната "Milan Blagojević", при што биле повредени три лица, од кои сите се наоѓале во автомобилот.

Засега не е познат идентитетот на момчињата. Несреќата настанала најверојатно откако пукнала гума на автомобилот при што возачот загубил контрола и влегол во дворот.

Повредените биле веднаш пренесени во болница.

24.03.2014 - 13:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега