Притвор за насилникот за филмскиот грабеж во златарата Љами на Бит Пазар

 

Четириесет и седум годишниот Р.С. од Скопје, на кого полицијата му поднесе кривична пријава поради сомнение дека извршил „разбојништво во обид“ од страна на судот му беше утврден триесет дневен притвор. 

Скопјанецот се товари дека заедно со уште едно засега непознато лице, во јули минатата година, во утринските часови, на подрачјето на ПС ОБ Бит Пазар, вооружени со пиштоли и гумена палка и маскирани со фантомки успеале да му ги земат парите од сопственикот на златарата Љами.

Пријавениот со палката започнал да го удира оштетениот во пределот на главата и додека  оштетениот пружал отпор,  непознатото лице со пиштол непозната марка испукал неколку куршуми  кон  него погодувајќи го во пределот на десното рамо, левата надколеница и во долниот дел на стомакот.

Сторителите без да одземат нешто го напуштиле местото на настанот, а оштетениот е пренесен во болница при што од страна на стручно  медицинско лице констатирани се тешки телесни повреди.

Од страна на ЕУМНА извршен е увид, подигнати се предмети со кои е извршено  кривичното дело, и по деталните и опсежни оперативни мерки и активности утврдено е дека пријавениот Р.С. бил инволвиран како учесник во кривичното дело.

Инаку Р.С. е регистриран сторител на кривични дела од областа на имотните деликти на кого му се поднесени три кривични пријави  и тоа две по член 236 и една по чл. 396 , за што му се изречени една условна осуда по чл. 396, и две казни затвор по член 236 и една казна од странски суд -Германија  за фалсификување исправа.

 

24.03.2014 - 12:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега