Внимавајте: Полицијата демне на скопските улици - викендов санкционирани 277 возачи

Полицијата демнеше на скопските улици и во текот на изминатиот викенд. Од страна на сообраќајната полиција санкционирани се 277 учесници во сообраќајот, од кои кај 43 возачи е утврдено дека ги управувале своите возила под дејство на алкохол.

 КАко што информираат од полицијата, 33 лица управувале возила со измината важност на сообраќајната дозвола, без возачка дозвола управувале 17 возачи, кај 15 лица е утврден сообраќаен прекршок за поминување на црвено светло, a 13 возачи  управувале возила со над дозволената брзина од кои четири возачи  управувале возило со над 90 км на час во населено место. Исто така, изречени се три прекршоци за некористење на сигурносен појас, 16 прекршоци за зборување на мобилен телефон, потоа 19 прекршоци за паркирање во зона на крстосница, автобуска постојка и пешачки премин, 48 прекршоци за неправилно и непрописно паркирање. За недавање на првенство на минување на пешаци изречен е еден прекршок, додека пак за прекршоци што ги чинат пешаците изречени се три прекршочни пријави. Со пајак службата подигнати се вкупно 46 возила.    

Откриени се и 11 други видови прекршоци (истечена регистрација, неатестирани фолии, неисправни уреди и опрема, неносење возачка дозвола и друго).

24.03.2014 - 12:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега