ЛП: Да се укине екстерното оценување кое само ја обесмислува редовната настава во училиштата

 

Либералната партија денеска го повика Министерството за образование и наука да го прекине најавеното проверување на знаењето на учениците од основното и средното образование по пат на екстерно испитување.

- Екстерното испитување е механизам што ја обесмислува редовната настава и проверка на знаењето и создава дополнителни потешкотии пред се за учениците, за нивните родители, но и за наставниците. Нема потреба од проверка на знаењето кое е континуирано испитувано во наставниот процес, согласно важечките законски прописи, наставни планови и педагошки стандарди, велат од ЛП.

 

најчитано сега