Почина славниот актер Џејмс Реборн

Познатиот актер Џејмс Реборн најпознат по својата улога во серијата „Homeland“ каде глумеше вечно загрижениот татко Клер Дејнс.

Актерот во петокот навечер починал во својот дом во Њу Џерси, по долгогодишна борба со рак на кожа.

 

Неговата сопруга Ребека откри дека болеста ми е дијагностицирана уште во 1992 година па оттогаш се до сега Џејмс имал лекарски третмани. Во последно време здравствената состојба му се влошила, па лекарската помош ја добивал во својот дом.

Реборн беше дел од филмската индустрија речиси 50 години, а глумеше во „Meet the Parents“, „Scent of a Woman“, „Independence Day“, „The Game“, „The Talented Mr. Ripley“.

24.03.2014 - 11:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега