Првообвинетите во "Монструм" сепак немаат косовски државјанства

 

Министерството за правда на Косово се огласи дека првообвинетите во случајот Монструм за масакрот кај Смилковското езеро немаат косовско државјанство, јавува Канал 5.

Според министерството министерот за правда Хајредин Кучи не дал изјава за порталот Сетајмс дека Демири иИсмаиловиќ се косовски државјани дури денеска попладне ќе испрателе официјална информација до медиумите.

- Тие немаат косовско државјанство, дури и не аплицирале за добивање на косовско државјанство, што значи дека тие не се граѓани на Косово. Медиумските извештаи не се точни ова е официјалната информација. не можеме да кажеме ништо за судењето затоа што ние работиме независно од судот.
Не е важно што е кажано туку дека министерството за правда не кажала дека тие имаат косовско државјанство и дека сме во редовна комуникација со македонските власти, изјави министерот за правда на Косово Хајредин Кучи, пренесе Канал 5.

 

најчитано сега