Не знаела дека е бремена и се породила во бањата на нејзините родители

18-годишната студентка, Џесика Еликовски од Велика Британија, сфатила дека е бремена дури откако се породила во бањата кај нејзините родители.

Таа во шестиот месец од бременоста дури направи лапароскопска хирушка интервенција поради болки во грбот и колената, незнаејќи дека сите нејзини болки се последица од бременоста. Тој ден поради болки во грбот отсуствувала од факултетот, каде студира за педијатриска сестра.

Се разбудила за да оди во тоалет и во тој момент почувствувала потреба да се напне и после 15 минути родила девојче тешко 3.300 грама. Кога мајка и влегла да види дали е се во ред, Џесика веќе 15 минути имала напон и родила девојче.

- Мајка ми ја фати и ја тргна попочната врска која и беше завиткана околу вратот. Сите бевме во шок, раскажа Џесика.

24.03.2014 - 11:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега