„Заев и Шеќеринска побегнаа бидејќи немаат никаков авторитет меѓу граѓаните“

Зоран Заев и Радмила Шеќеринска избегаа од дуел со Никола Груевски, а  ова според познавачите на состојбите покажува дека на новото раководство на СДСМ му е јасно дека ќе се соочат со пораз.

Во развиените демократии, како што велат експертите, е реткост лидер на опозиција да не се кандидира за пратеник.

-Без кормило, насоката за социјалдемократите е некаде на некое беспаќе. Ни Заев ниту Шеќеринска, ниту пак било кој од потесното раководство, не е подготвен да излезе на мегдан, да ги покаже своите вистински капацитети и да потврди или да го негира она што цело време рејтинг листите го покажуваат. Тоа е дека немаат речиси никаков авторитет помеѓу граѓаните во Република Македонија и дека не поседуваат капацитет за било какво раководење на државата, рече Иванка Додовска, универзитетски професор, во изјава за Алфа.

Експертите, објави телевизијата, посочуваат дека во Велика Британија, Франција или Германија доколку првиот човек на опозицијата не се канидидра тоа ќе биде голем скандал и членството од него ќе бара оставка.

24.03.2014 - 11:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега