Кајмакоски: Сакам да отворам училиште за таленти

Нашиот победник на првиот балкански Икс фактор, Даниел Кајмакоски, најави дека има намера да се пресели во српската престолнина.

Иако пред суперфиналето изјави дека нема трема, кога го прогласија за победник, тој сепак не ги сокри солзите.

За неговата споредба со Тоше Проески, Даниел вели дека тоа е голема чест за него, но дека тој нема никогаш да биде тоа што бил Проески.

„Тој секогаш ќе биде Тоше, а јас секогаш Даниел. Цел живот луѓето ме фалат, но никогаш не сум имал конкретна поддршка и затоа сакам да отворам училиште за таленти, бидејќи Балканот е полн со нив, и да им помогнам на оние на кои им е потребно тоа“, вели Даниел.

Тој вели дека планира да ја продолжи соработката со својот ментор, Жељко Јоксимовиќ, и вели дека не му значат многу приказните дека талентите кои победуваат на вакви натпреварувања „пропаѓаат“ и вели дека има намера да ја „смени таа плоча“ и дека ќе даде се’ од себе таа бајка да продолжи.

24.03.2014 - 11:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега