Иванов и ВМРО-ДПМНЕ стартуваат од Охрид

ivanov-ohrid

Започна изборната кампања за претседателските избори . Кандидатот на ВМРО ДПМНЕ и актуелен претседател Ѓорге Иванов ја почнува кампањата со митинг во Охрид во 19 часот.

Иванов побара уште еден петгодишен мандат од граѓаните со аргументи и целосно остварливи планови . Со силна поддршка за Иванов застана тимот ,,Македонија " составен од уметници , актери , пејачи , доктори , студенти , пензионери , граѓани од цела Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ претседателската кампања ќе ја започне во Охрид, од каде што редовно ги стартува своите изборни активности. За време на кампањата за претседателските избори и скратената за пет дена за предвремените парламентарни избори, партијата ќе одржи повеќе митинзи, како и мали митинзи и средби со граѓаните од целата држава. Иванов вчера во Скопје ја претстави својата програма за претстојните избори.

Првиот круг на петтите претседателски избори ќе се одржи на 13 април, додека вториот круг од изборите на 27 април, за кога се закажани и предвремените парламентарни избори.

24.03.2014 - 10:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега