Тужбите на СДСМ и ДУИ неосновани - ДИК денеска треба да го заклучи избирачкиот список

Откако викеднов тужбите на СДСМ и ДУИ не поминаа во Управниот суд денеска од Државната изборна комисија се очекува да го заклучи Избирачкиот список за претседателските избори. 

Судот вчера ја ортфли тужбата на СДСМ против решението на ДИК за дополнителна проверка на лица што живеат на иста адреса, бришење на починати лица, промена на податоци на лица по различен основ и запишување на три лица во Избирачкиот список, а во саботата и тужбата на ДУИ, против решението на Комисијата за бришење на наведените лица во приговорот од посебниот избирачки список за гласање во странство.

ДИК требаше да го заклучи Избирачкиот список најдоцна до 22 март, но рокот беше пробиен поради расправата за дописот од СДСМ.

Денеска започна претседателската кампања за изборите закажани за 13 април, додека на вториот круг од изборите на 27 април ќе се одржат предвремени парламентарни избори. Увидот во Избирачкиот список за овие избори трае до 30 март. 

24.03.2014 - 10:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега