ВИДЕO: Откриен "близнакот" на Ким Јонг Ун!

38-годишниот Кинез Манчу Туан кој продава брза храна во градот Шенјанг во покраината Лјаонинг и се фотографира со купувачите. Тие бараат да се сликаат со него бидејќи во изгледот потсетува на претседателот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун.

Туан бели дека откако се проширила веста дека личи на Ким Јонг Ун, неговиот бизнис почнал да цвета. Тој самиот не ја забележал сличноста, се додека еден редовен купувач го замолил да се фотографира со него. Тогаш се' започнало!

"Му реков: Нормално, само доколку купиш сендвич. Купи два. Потоа дојдов до идеја да го искористам својот изглед како реклама. Се облеков како Ким Јонг Ун и направив иста фризура. Благодарение на тоа, мојот бизнис процвета", изјавил продавачот.

Тој вработил уште еден готвач на помош за да може да позира со своите купувачи.

24.03.2014 - 10:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега