Откриени предмети од исчезнатиот авион?

Во јужниот дел на Индискиот Океан, кинески авион успеал да забележи предмети за кои постои можност  да се остатоци од малезискиот авион со 239 лица, што исчезна на 8 март.

Предметите се откриени од кинески воен авион „Ил-76“, кој учествува во потрагата по малезискиот „Боинг-777“.

Веќе беа забележани можни остатоци од Боингот во главната зона на потрагата, на околу 2.500 километри од брегот на Австралија

Информацијата за денеска забележените предмети им е предадена на австралиските власти и на кинескиот мразокршач „Суелун“, што, исто така, се наоѓа во зоната на потрагата.

24.03.2014 - 09:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега