Дешчица: Расте ризикот од војна меѓу Украина и Русија

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Дешчица го осуди распоредувањето на руски војници на источната украинска граница и посочи на зголемување на ризикот од војна меѓу Украина и Русија.

- Ризикот расте, станува се поголем, одговори Дешчица на прашањето на американската телевизија Еј-Би-Си за ризиците од избивање на воен конфликт меѓу Киев и Москва. 

- Ситуацијата е дури поопасна од пред една недела. Доколку руските војници навлезат во Украина од нејзините источни области, ќе биде тешко да побараме од тамошните украински жители да не реагираат на таа воена инвазија, изјави Дешчица. 

Тој увери дека Украина ги користи сите дипломатски мерки како економски и финансиски санкции за стопирање на Русите, но додаде дека се уште не се познати намерите на рускиот претседател Владимир Путин.

24.03.2014 - 09:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега