Командант Коки излезе од затвор

 

Денеска Никола Георгиевски познат како командант Коки излезе од затворот во Шутка каде ја издржуваше затворската казна за напад на службено лице во вршење службена должност, пренесе Плусинфо.

- Со одлука на Основниот суд Скопје 1, казната му е условена во висина од еден месец. Во решението стои и датумот кога треба да биде ослободен, а тоа е денеска, велат од затворот Шутка за Плусинфо.

Инаку, на командант Коки му се судеше за напад на 

полицаец кој се случи ноќта на 23 декември минатата година. Георгиев возел брзо по улицата Иво Лола Рибар, по него, со вклучени флешери и хорна на автомобилот, се упатиле полициските „Алфи“, кои дежурале на тој реон и се обиделе да сопрат. Тие повикале и засилување, а набргу во слепа уличка бил застанат Командант Коки, кој, како што стои во обвинението, одбил да соработува, а потоа повлекол еден од полицајците за вратот и му удрил бокс, по што полицаецот паднал на земја во бесознание.

ФОТО: Плусинфо  

најчитано сега