Даниел го запали Балканот

Кајмакоски, нашиот кандидат на Х-фактор, ја испеа својата прва песна и ја крена публиката на нозе.

Тој изгледаше фантастично, а со својот настап никого не остави на столче. Сите во неверојатно бурна атмосфера во Комбанк арената го проследија неговиот настап.

Публиката со громогласен аплауз го поддржа Даниел, кој постојано вели дека тие се причината за неговиот успех и фактот што се наоѓа во суперфиналето.

-Ова е еден од твоите најдобри настапи досега. Сигурен сум дека далеку ќе стигнеш, изјави Кики.

-Ти вечерва ја запали Арена, рече Емина Јаховиќ.

Неговите поддржувачи, кои судејќи по аплаузот и викотниците кои во ниеден момент додека тој пееше не престанаа, се доказ за тоа колку е тој омилен меѓу гледачите на Х-фактор.

За да го поддржите Даниел, гласајте си испраќање на порака со содржина „3“ на бројот  141 345. Гласањето е неограничено!

23.03.2014 - 22:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега