"Се ми изедоа" - волци уништија стадо овци во Којково

Волци уништуваат стада овци во селото Којково. како што јавува Канал5, Волци го нападнале стадото со овци, а пролетно се гостеле и со кози и јариња на Коле Манев, сточар од село Којково, лоцирано токму на општинската граница помеѓу Пробиштип и Кратово.

Се ми изедоа за само десетина дена. Овци, јагниња, кози, јариња, се, сосем малку остана од двете стада. 30 грла отидоа во неповрат. Што да правам со оваа катастрофа, не знам, изјави за телевизијата несреќниот Коле Манев, пренесе Канал 5.

Проблемот со овчарот од Којково, е прв по последниот случај на поголемо уништување на ситен добиток од  волци во пробиштипско-кратовскиот регион, евидентиран пред неколку години.

23.03.2014 - 15:40
Фото: 
a1on

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега