Сарачини: ТИРЗ Тетово и ТЕЦ Требош инпут во економскиот развој на тетовскиот регион

Mинистерот за економија Ваљон Сараќини заедно со заменик директорот на технолошки индустриски развојно зони (ТИРЗ) Асип Усеини и директорот на Стопанска комора на северозападна Македонија Арбен Халили, ги посетија гасната термоелектроцентрала во село Требош и технолошко индустриската зона во Тетово, со цел да извршат надзор на  реализацијата на градежните работи.

- Очекувам дека многу скоро подготвителните работи во зоната кај Тетово да бидат завршени и во септември оттука да се реализира и првиот извоз. На изградбата на внатрешната инфраструктура и административниот објект во моментот се ангажирани околу 60 лица  се со цел инвеститорите да имааат што подобри услови и потребната логистика, изјави Сарачини. 

 

Тој потенцира оти ова е еден од капиталните проекти на Владата на Република Македонија, со кој се создаваат услови за структурни промени на економијата во регионот, а и за нови работни места.

 

- Зоната  се гради преку јавно приватно партнерство и за неколку години треба да се вложат 7 милиони евра, со што ТИРЗ Тетово ќе стане значаен  инпут во економскиот развој на регионот“, истакна Сарачини.

 

Заменик директорот на ТИРЗ Хасип Усеини посочи дека Дирекцијата на ТИРЗ со сопствени средства работи на изградбата и подобрувањето на надворешната инфраструктура на зоната кај Тетово а приватна компанија работи на внатрешната инфратруктура.

 

- Овој вид на јавно приватно партнерство е видлив на теренот бидејќи многу скоро ќе се овозможат максимални услови за инвестирање, рече тој.

 

Извршниот директор на Стопанската комора на северозападна Македонија Арбен Халили очекува оти многу скоро ќе бидат поставени камен темелници на повеќе фирми во тетовската ТИРЗ.

 

Пред посетата на ТИРЗ Тетово министерот Сарачини ја посети и компанијата Везе шари и Лекер во селото Требош каде во завршна фаза е изградбата на централата за производство на енергија од биогас.

 

- Оваа инвестиција на Везе Шари е со вредност од околу 6 милиони евра и според најавите на сопствениците централата треба да биде готова до септември. Во моментот се анагажирани околу 100 лица и со нејзиното пуштање во функција ќе бидат анагажирани дополнителни 30 нови работници. Ова е прва ваква централа на биогас во Македонија што е пример што и останатите треба да го следат, рече Сарачини.

 

Оваа гасна електроцентрала ќе биде прв ваков проект не само во Македонија, туку и пошироко, со што Република Македонија на некој начин станува лидер во регионот за производство на електрична енергија од обновливи извори. Електричната енергија ќе се добива со искористување на биогас. Со неа од  органските отпадоци од фармата ќе се овозможи производство на 1 мегават електрична енергија на час.

 

Сопственикот на компанијата „Везе Шари “, се заблагодари на поддршката што ја добива како од локалните  институции, така и од институциите на  државата .

Сопственикот на Везе шари и Лекер Арбен Абдурахмани посочи дека централаната на биогас ќе има двојна функција бидејќи, како што рече, од една страна ќе овозможи природниот отпад од нивната фарма за кокошки да се преработи во централата и со тоа да се придонесе кон подобро зачувување на природната средина, а од друга страна да се произведе електрична енергија за нивнте потреби.

MIA

23.03.2014 - 14:35
Фото: 
влада

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега