Австралискиот премиер упати нова надеж во потрагата по малезискиот авион

 

Денеска се засилува потрагата по исчезнатиот малезиски авион под контрола на австралиските власти. Девет авиони ќе летаат над јужниот дел на Инискиот океан.

Потрагата ќе се прави преку радари. Авионите ќе се движат врз база податоци на кинески сателити.

Австралија вели дека се многу блиску да најдат одговори на прашањата за исчезнувањето на авионот.

Премиерот на Австралија, Тони Абот упати надеж и повика на верба.

„Сега имаме голем број на веродостојни показатели во истрагата и надежта е голема“, рече Абот.

23.03.2014 - 14:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега