Престанете со пушењето и ќе добиете бесплатен фитнес

 

Во Чешка оние кои  сакаат да престанат со пушењето и да не се здебелат или настојуваат дури и да ја намалат телесната тежина, имаат можност да добијат парична помош од чешкото Министерство за здравство.

- Ако навистина престанат со пушењето, ќе им биде платено десетдневно вежбање по сопствен избор, изјави Ива Малкова претставник на организаторот „Стоп за дебелеењето".

Според Здружението, загриженоста на пушачите дека по откажувањето од цигарите ќе почнат да се дебелеат е оправдан, бидејќи пушењето на цигари поради никотинот го забавува празнење на желудникот и со тоа го продолжува чувство на исполнетост, така што луѓето јадат помалку.

Никотинот, исто така, го стимулира нервниот систем и на тој начин се зголемува енергетската потрошувачка од пет до десет проценти, што кај некои пушачи може да биде и до 800 калории дневно.

Токму затоа, по престанувањето на пушењето се препорачува намалување на внесување на количината на храна и зголемување на физичката активност.

Курсевите кои се субвенционирани од чешката Влада се групни, содржат теоретска дискусија и активни вежби кои ќе ги натераат луѓето кои се откажуваат од пушењето на цигари да се вклучат кон здрав начин на живот.

23.03.2014 - 13:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега