Ова е листата на СДСМ за прва изборна единица

Ова е листата на СДСМ за избор на единица еден. Носител на листата е Рената Тренеска Десковска, на број два Софија Куновска, на три Стефан Богоев. Четири и пет се резервирани за коалиционите партнери, шеста е Солза Грчева, број седум е Лидија Димова, а потоа следува Сафет Бишевац, поранешниот новинар на А1.

Претходно Пресс24 објави кои ќе бидат носители и на другите единици.

Во втората изборна единица, носител на листата на СДСМ ќе биде партискиот портпарол, Петре Шилегов. 
Третата изборна единица, како што веќе беше објавено ќе ја води пратеникот на СДСМ од Велес Марјанчо Николов. 

Во четвртата изборна единица како што веќе објави Press24 носител на листата на СДСМ ќе биде Хари Локвенец
Во петтата изборна единица носител на листата на СДСМ ќе биде претседателот на битолскиот огранок на партијата, Васко Ковачевски.
Во шестата изборна единица, дваесетте кандидати на СДСМ ќе ги води, пратеникот Стојко Пауновски.
Интересно е што во ниту една изборна единица како носители не се јавуваат луѓето од раководството на СДСМ. Го нема ниту лидерот Заев, ниту пак неговата заменичка Шеќеринска, а првите места не ги добија ниту четирите партиски потпретседатели, ниту пак Генералниот секретар.

 

23.03.2014 - 13:02
Фото: 
денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега