Неколку женски несовршености кои мажите ги обожаваат
Познато е дека многу жени се самокритични и не го прифаќаат целосно својот изглед и секогаш се подготвени да набројат уште неколку работи кои би ги промениле кај себе. Но пред да си поставите некој комплекс треба да го прочитате ова: Овие несовршености кои нас жените нѐ излудуваат мажите ги обожуваат.
Широки колкови
Широките колкови ја нагласуваат женственоста и се многу привлечни за мажите кои сакаат облини. Треба да бидете горди на своите колкови, бидејќи тие се сметаат за најголем показател на плодноста.
Мало стомаче
Мажите сакаат жени со облини. Можеби вашите масни наслаги не се баш најдобро распоредени, но нема потреба да си криете и да се срамите од нив. Ова не значи дека треба да го нагласувате стомакот со облеката што ја носите, туку дека не треба да го криете во интимните моменти. Затоа, следниот пат кога ќе имате прилика, застанете пред вашиот партнер полни со самодоверба.
Мали гради
Нема потреба од додатоци во градниците. Мажите ги сакаат женските гради, без разлика на големината. Доколку имате мали гради, не срамете се и одберете облека која ќе го нагласи нивниот облик, а за бидете уште посекси едноставно не носете градник.
Крив нос
Специфичниот нос може да го нагласи вашиот шарм. Обликот на носот може за многу мажи да биде симпатичен, но и доказ за самодоверба и силен карактер. Шминката можете да ја искористите за да ги нагласите очите и усните.
Очила
Девојките често мислат дека мажите ги сметаат за помалку привлечни доколку носат очила, додека мажите сметаат дека очилата се многу секси. Очилата се сметаат за знак на интелигенција и самоувереност.
Криви заби
Многу девојки кои имаат малку криви заби или имаат простор меѓу предните заби ја кријат својата насмевка. Денес дури и супер моделите и актерките гордо го покажуваат овој мал „недостаток“, а многу мажи ваквите заби ги сметаат за неодоливи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа