86 милиони- таа има најмногу лајкови на Фејсбук

Бројот на фановите на Шакира на нејзината Фејсбук страница се повеќе се накачува и достигна дури 86 милиони луѓе.

Со оваа бројка нејзината фан страница на Фејсбук е на прво место по бројот на лајкови на оваа друштвена мрежа а таа задоволна од успехот кој го постигнала им се заблагодари на сите за поддршката.

" Ме известија дека мојот Фејсбук е најпопуларен во светот! Се 'уште не можам да верувам! Јас отсекогаш сум сакала да имам многу пријатели, но никогаш не сонував дека ќе бидат во толкав број. Незнам како да ви се заблагодарам за поддршката. Пресреќна сум што ве имам. Голем бакнеш до вас напишала пејачката на својот профил.

23.03.2014 - 11:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа