ВИДЕО: И се исполни желбата на Ким- конечно на насловната на Вог

Познатата старлетата Ким Кардашиан навикнати сме да ја гледаме на бројни насловни страни на познати списанија, но популарниот Вог и беше неостварена желба.

 

Но конечно и тоа стана реалност за неа.

Таа направи фотосесија за најновиот број на Вог, каде ќе се појави покрај свршеникот Канје Вест и нивната ќеркичка Норт.

Според гласините, уредничката на списанието Вог не сакала да ја фотографира Ким поради нејзината проблематична репутација, односно објавеното домашно видео.

Иако таа на неколку наврати изјави дека Ким нема никогаш да се најде на насловната страна, сепак на крајот попушти.

-Ова е остварување на сите мои соништа! Благодарам на Вог што конечно ме ставија на првата страница, додаде возбудената Ким под сликата на Инстаграм.

 

Погледнете го видеото кое се сними за време на снимањето на фотосесијата.

23.03.2014 - 10:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега