Нова мистерија за малезискиот авион - која е жената со која разговарал пилотот пред полетување?
Во медиумите деновиве се појавија голем број теории за малезискиот авион од кој нема ни трага, а сега се појави и нова мистерија која отвори многу нови прашања околу исчезнувањето на авионот.
Малезиската полиција ги истражува сите можни траги кои можат да доведат до авионот, а споре дпоследните информации, пред полетувањето, пилотот разговарал со засега непозната жена, која го побарала на мобилен телефон. Бројот бил скриен, а засега не е познато за што разговарале. Полицијата дошла до местото од каде жената ја купила картичката со чија помош исконтактирала со пилотот, но открила дека се претставила со лажен идентитет.
Според оваа информација, се појавува нова теорија дека можеби оваа жена која засега е мистерија е поврзана со исчезнувањето на авионот во кој имаше 239 патници.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа