Родителите во пластични кеси ги пренесуваат своите деца преку реката

 

За да не ја намократ училишната униформа родителите во едно село погодено од поплави во Виетнам, своите деца преку реката ги "пренесуваат" во пластични кеси, за да не ја намократ училишната униформа.

Човек кој им помагал на основците да минат преку реката успеал да сними и видео. Станува збор за професорот Тонг Ти Мин од селото Сем Ленг, во близина на Ханој, главниот град на Виетнам.

На снимката јасно се гледа како човекот го става детето во кеса, ја затвора, и така "спакувано" го пренесува преку реката. Кога ја преминуваат реката, професорот ја отвора кесата, а детето излегува суво и подготвено за на училиште. Работата на професорот не завршува тука, бидејќи тој се враќа по останатите деца.

Мин изјавил дека овие ситуации се вообичаени кога има големи поплави.

"Не постои друг начин децата да дојдат до училиште, ниеден мост не ги издржува поплавите", вели тој.

Во редот за преминување чекале неколку деца, бидејќи многу родители гледаат на овој начин на патување до училиштето како најефикасен.

22.03.2014 - 15:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега