Иванов: Иднината на државата зависи од кадрите што излегуваат од универзитетите
Денеска претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска се сретна со раководствата на универзитетите во Република Македонија.
На средбата присуствуваа ректорите на универзитетите „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, Велимир Стојковски, Југоисточна Европа Замир Дика, „Гоце Делчев“ – Штип Саша Митрев и проректорите на универзитетите „Климент Охридски“- Битола Сашо Атанасоски, „Свети Апостол Павле“ – Охрид Братислав Станковиќ и на Државниот универзитет во Тетово, Арбер Челику.
- Присутните на средбата ја поздравија иницијативата на претседателот Иванов и се заблагодарија за можноста да ги изнесат своите размислувања во однос на работата на универзитетите. Претставниците на универзитетите констатираа дека предизвиците со кои се соочуваат високообразовните институции во својата работа треба да се решаваат на систематски начин, а решенијата што се нудат да бидат комплементарни, се вели во соопштението.
- Иднината на државата ни зависи од кадрите што излегуваат од универзитетите, посочил претседателот Иванов.