Патниците од исчезнатиот авион се уште се живи?
Патниците и членовите на екипажот од исчезнатиот малезиски авион кој исчезна пред точно две недели можеби се уште се живи.
Тоа вчера го соопштија австралиските официјални лица кои во четвртокот започнаа голема потрага во јужниот дел на Индискиот Океан откако беше забележан голем пловечки објект, кој би можел да биде трупот на авионот на „Малезија ерлајнс“.
Заменик премиерот на Австралија, Тони Абот, Ворен TRUS вчера рече дека спасувачките екипи се уште не успеале да ги идентификуваат мистериозните објекти.
- Сакаме што е можно поскоро да се идентификуваат овие објекти, бидејќи тие би можеле да бидат поим и да ни дадат трага кон луѓето кои можеби се уште живи и може да се спасат - вели Џон Јанг, извршниот директор на Одделението за итна акција од AMСA.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа