Завршила во болница - Станија е трудна?

Станија пред десетина дена завршила на инфузија, а сега е во болница на лекарски прегледи. Во неделата вечерта, старлетата застанала пред камерите и се обратила на продукцијата каде раскажала дека се сомнева дека е бремена. Таа рекла дека нешто и е сомнително кај нејзе затоа што подолг период не се чувствувала добро. Станија и Филип Панајотовиќ се во врска која трае повеќе од месец дена, но како што и двајцата нагласиле неколку пати, меѓу нив немало односи на „Фарма“, па старлетата објаснила дека е можно да станала трудна пред влегувањето во шоуто со поранешниот дечко. 

„Можеби сум затруднела уште пред да влезам во шоуто, затоа што со Филип немав односи“, објаснила Станија. 

Утрото фармерите се собраа да го прочитаат писмото кое што Дуле го оставил но меѓу нив ја немало Станија. Гоца Божиновска прашала каде е старлетата, а Љуба рекла дека е во болница. „Рано утрото ја однеле во болница“, рекла Љуба, а Божиновска додала дека мислела дека тоа е шега. Станија по излегувањето од болница, изјавила дека добила инекција, но дека се уште не знае што би можело да и биде. 

 

најчитано сега