Јоксимовиќ: Стојам зад сите свои изјави на Икс-Фактор!

На еден ден пред големото финале на Икс  Фактор,  Жељко Јоксимовиќ ги собра впечатоците и откри дека е многу самокритичен и дека може би сменил некои работи во своите одлуки. Сепак  Жељко Јоксимовиќ нагласи дека е многу рано за сумирање впечатоци и дека тоа ќе го стори по завршувањето на шоуто.

Иако тој како ментор има двојно поголеми шанси за победа од своите тројца колеги, бидејќи тие имаат по еден, а тој двајца натпреварувачи во финалето, не е спремен отворено да каже дека претендира на триумф.

- Јас сум перфекционист за се во животот, па така и со овој телевизиски проект. Секогаш сметам дека може и подобро, дека некаде можев повеќе, подобро, поинаку. Тоа е секогаш така, но генерално сум задоволен затоа што во финалето имам две прекрасни момчиња кои пред себе веќе имаат кариери, без оглед на пласманот во самото финале. Од нив се обидувам да направам самостојни изведувачи, способни да се носат со своите одлуки, добри и лоши, но и со популарноста. мислам дека тоа е и поента на менторската работа рече Жељко. Еден од моите основни принципи е дека нема време за каење и кога го изнесувате мислењето пред милиони гледачи и кажувате што мислите или чувствувате, тогаш нема простор за премислување. Стојам зад своите изјави!

Канавторот Јоксимовиќ открива што мисли за финалистите на Икс Фактор. 

- Финалистите го имаат, но сите тие мораат уште многу да работат на него, бидејќи едно е вроден Х Фактор, кој некој го има или нема, а друго е се она што со години се учи и ги разликува ѕвездите од останатите. Кога се во прашање советите, натпреварувачите мораат да веруваат во себеси!

22.03.2014 - 11:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега