Папата Францис: Мафијашите ќе одат во пеколот ако не се покајат и не се откажат од своите „крвави пари и моќ“

Поглаварот на римокатоличката црква Францис остро ги предупреди мафијашите дека ризикуваат да одат во пеколот ако не се покајат и не се откажат од своите „крвави пари и моќ“.

Папата во петокот ја изрече својата досега наостра осуда на организиран криминал.

Тој тоа го стори на молитвата за роднините на недолжните жртви кои ги убила мафијата. За време на молитвата прочитани се имињата на 842 жртви на мафијата.

- Животот кој вие го живеете нема да ви донесе задоволство, ниту среќа. Крвавите пари и власт не можете да ги понесете со себе на оној свет. Покајте се. Се уште има време да не завршите во пеколот бидејќи тоа ве чека ако продолжите по овој пат, рече папата Франциско.

Ова беше прво позначајно обраќање на папата во врска со жртвите на италијанската мафија.

22.03.2014 - 10:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега