Руски ученици избегале од час и активирале бомба

Во Москва во областа Северен Кавказ, денеска двајца ученици се здобиле со повреди од експлозија на бомба која што самите ја направиле и активирале во едно руско средно училиште. Двајцата ученици, како што пренесуваат тамошните медиуми, побегнале од часот по физичко воспитување и се заклучиле во една од празните училници. Таму ја направиле бомбата која што ја активирале со мобилен телефон. За среќа станува збор за направа со мала разорна моќ, поради тоа што повредите со кои се здобиле учениците не се опасни по живот. 

Двајца ученици се повредени денеска во експлозија на бомба што сами ја направиле и активирале во руско средно училиште во областа Северен Кавказ. 

Според локалните медиуми децата избегале од часот по физичко воспитување и се заклучиле во една од празните училници каде го поврзале експлозивот и детонаторот со мобилен телефон, но најверојатно случајно ја предизвикале експлозијата.

Станува збор за направа со мала разорна моќ, бидејќи повредите со кои се здобиле децата не се опасни по животот.

Експлозијата не предизвика пожар и нема позначителни оштетувања на училишната зграда. 

најчитано сега