ДИК ќе го заклучи Избирачкиот список за претседателските избори

 

Државната изборна комисија најдоцна денеска треба да го заклучи Избирачкиот список за претседателските избори закажани за 13. април. Со тоа ќе се знае на точната бројка на граѓани со право на глас на овие избори.

На вториот круг од изборите на 27 април се закажани и предвремените парламентарни избори. Имајќи предвид дека кампањата за овие избори почнува на 5 апарил, молкот по одлука на ДИК ќе биде на 12 и 13 април.

На 25 март пак завршува рокот за собирање потписи за предлагање на листи на кандидати за пратеници во Собранието на Република Македонија, од група избирачи.  Потписи од група избирачи може да се собираат и пред овластено лице во Дипломатско конзуларните претставништва на земјава.

Од 16 март започна да тече дваесетдневниот увид во Избирачкиот список за предвремените парламентарни избори во подрачните одделенија и месни канцеларии на ДИК. Истовремено тече рокот и за увид во Избирачкиот список и за пријавување на дијаспората за гласање или за запишување, дополнување или бришење на податоците од ИС. Двата рока истекуваат на 30 март.

22.03.2014 - 10:06
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега