Скандал: Албанци заминувале да војуваат во Сирија со помош на полицијата

 Четворица поранешни припадници од албанската база на командоси Зал Хер, учествувале во сириската војна, јави дописникот на МИА од Тирана.

Според обвинителството за тешки кривични дела, Артур Бала, познат под религиозно име Омер е еден од муслиманските верници, кој заминал за Сирија, но повторно се вратил во Албанија.

Но, Артур Бала не е единствениот албански командос, кој „ја посетил“ Сирија.

Во досието на Обвинителството се и Диамант Раша(Ебу Амар), убиен во Сирија во декември минатата година, Ерјон Алињ, од Подградец,  исто така убиен во Сирија, како и Леонард Перлика, кој бил но се вратил од Сирија.

Во досието е  и Едмонд Супараку (Ебу Бекер) кој се вратил од Сирија, но не е наведно дали бил припадник на специјалната единица „Командоси“

Артур Бала, пред три години почнал да ја практикува исламската религија и да ја посетува џамијата „Нов прстен“ во Тирана, која била раководена од самопрогласениот имам, Генци (Абдурахим) Бала, кој веќе е зад решетки како „мозок“  на регрутирањето верници, кои војуваат во Сирија на страната на терористичката организација Ал-Нустра, наведува весникот “Газета шќиптаре“.

Истрагата околу случајот на регрутирање и испраќање албански државјани на боиштата во Сирија се проширува и меѓу полициските редови.

Обвинителството веќе има двајца осомничени припадници на полицијата, едниот офицер, за помагање на „борците“ да заминат преку аеродромот во Тирана.

Медумите го наведуваат примерот со Шелзен Думани, кому со шест годишниот син и девет годишната ќерка, им било дозволено да заминат откако му се јавил на полицискиот офицер

21.03.2014 - 23:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега