ФОТО: Има за што да жали - кратовчанец погодил 4 точни резултати, Салзбург го "бутнал" за пола милион

Млад кратовчанец одиграл тикет од 20 денари во обложувалницата Спортлајф во Кратово, на кој типувал точен резултат на пет мечеви од Лига Европа. Четири од петте меча со коефициенти меѓу 9 и 15 ги погодил, а "паднал" на петтиот меч меѓу Салцбург и Базел. На овој меч типувал 2-0 за домаќинот и бил многу блиску до добивка. Салцбург водел 1-0, имал играч повеќе и супер шанса за 2-0. Тогаш Марко Штрелер го израмнил резултатот и го уништил тикетот кој требаше да му донесе максимална исплата од 500.000 денари.

Кратовчанецот успеал да погоди коефициент 16.500, а доколку го погодел и Базел, ќе имал коефициент 102.329, кој помножен со уплата од 20 денари носи добивка од 2 милиони денари, која поради лимитирање би изнесувала максимални 500.000 денари на еден тикет.
21.03.2014 - 23:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега