Наскоро полицијата ќе објави нови фотографии од смртта на Курт Кобејн
Полицијата од Сиетел до крајот на овој месец ќе објави неколку претходно необјавени фотографии на Курт Кобејн фронтменот на грпата Нирвана.
Портпаролот на полицијата Рене Вит изјави дека до 20 март немало нови информации за случајот и дека детективот е задолжен повторно да го прегледа досието од смртта на рокерот.
Таа додаде дека наскоро ќе бидат објавени нови фотографии од Кобејн.
Телото на Курт Кобејн беше пронајдено во Сиетел на 8-ми април 1994 година а според истрагата станува збор за самоубиство.
21.03.2014 - 13:35
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа