Ставрески: Потврдата на Фич - признание за владините политики

Вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставревски, денеска оцени дека потврдата на стабилниот кредитен рејтинг на Република Македонија од една од најреномираните агенции во светот „Фич“ е признание дека макроекономските политики се стабилни, со добра солидна стапка на раст на економијата, движена од градешништвото,  високите капитални инвестиции од буџетот и средствата вложени од странските компани.

- Задоволни сме што инвеститорите ќе имаат можност по петти пат да слушнат од оценката на Фич дека е потврден кредитниот рејтинг  и дека Република Македонија спроведува во целина добри економски политики. Тоа ќе влијае и на натамошниот интерес на инвеститорите за Македонија како дестинација за нови вложувања, нови инвестиции, нови вработувања, изјави денеска вицепремиерот Ставревски.

Според Фич, банкарскиот систем е стабилен и бизнис климата на Македонија е значително подобра отколку која било друга земја со идентитечен кредитен рејтинг.

- Ова покажува дека оние реформи што ги правевме се потврдени од Светска банка и уште од една реномирана светска куќа, додаде Ставрески.

Овде прочитајте повеќе.

21.03.2014 - 13:15
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа