Карпош ќе го разубават 200 рози

 

На Денот на пролетта, 21 март, Карпош ќе биде разубавен со 200 рози кои ќе бидат засадени на средишниот дел на бул. „8 Септември“, на потегот меѓу крстосницата со бул. „Партизански одреди“ и комплексот „Македонија“.

Повод за спроведување на оваа еколошка кампања, чиј национален координатор е Министерството за животна средина и просторно планирање, се долгорочните позитивни ефекти по животната средина и здравјето на луѓето, преку засадувањето на садници на рози на булеварите, во парковите, кружните текови и на другите зелени јавни површини.

Засадувањето рози е дел од акцијата „Македонија, земја на цвеќето – Земја на розата“.

 

21.03.2014 - 12:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега