Македонија петта во светот по насмевки на вработените

Македонија e на петтото место во светот во поглед на насмевките кои купувачите ги добиваат од вработените. Според тајните купувачи, во 91 отсто од посетите вработените биле насмеани додека ги услужувале, со што сме над светскиот просек кој изнесува 83 отсто. Овој резултат е повисок во споредба со минатата година, кога резултатот бил 72 отсто.

Компанијата „Better Business World Wide“  годинава 10-ти пат ги сублимира податоците од агенции кои спроведуваат тајно купување во Азија, Европа, Северна и Јужна Америка, во извештајот за насмевки „Smiling Report“(www.SmilingReport.com). Извештајот е изработен врз основа на извршени 1,6 милиони посети на тајни купувачи, во 53 земји од светот во цел спектар на индустрии.

Истражувањето покажува дека тајните купувачи во Македонија биле поздравени од страна на вработените во 67 отсто од спроведените посети. 

- Овој резултат е послаб во споредба со претходната година за 10 процентни поени и е значително понизок од светскиот просек кој изнесува 86 отсто. На врвот на табелата се наоѓаат јужноамериканските земји Гватемала, Панама, Перу и Уругвај, информира SWOT Research.

Лидер на табелата е Полска, следена од Ирска, Шпанија и Чешка. Држави во кои тајните купувачи пријавиле најмалку насмевки се Кина, Макао и Јужна Кореја со резултат под 60 отсто.

Извештајот е достапен на www.SmilingReport.com.

21.03.2014 - 12:14
Фото: 
кафепауза.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега