Во недела времен сообраќаен режим на булеварот Трета македонска бригада

Градот Скопје ги информира граѓаните дека на во недела во периодот од 7 часот и 30 минути до 19 часот ќе се изведува прекоп на постојните две коловозни ленти од булеварот Трета македонска бригада, заради поставување подземни инсталации. Поради тоа, целокупниот сообраќај на потегот од објектот на „Американ колеџ“ до објектот на „Карпет макс“, во должина од 300 метри на оваа улица, ќе биде пренасочен по новите две сообраќајни ленти што се покриени со тампон.

 Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да ја приспособат брзината на возење на условите на патот.

 

 

21.03.2014 - 12:05
Фото: 
Дневник

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега