Голема полициска акција го тресе југот на Македонија
Голема полициска акција се спроведува во Гевгелија, Велес и Ново Село. Според информациите до кои дојде Press24, полицијата апси група слична на онаа од случајот Фаланга, која се сомничи дека се занимавала со нелегална трговија на артефакти.
Се вршат претреси во повеќе објекти каде веќе се пронајдени икони и археолошки предмети за кои се претпоставува дека имаат голема вредност.
МВР повеќе детали најавува за денеска.
21.03.2014 - 10:45
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа