Началникот уапсен во Чаир се договорил за 2 години затвор - за инспекторите 30 дена притвор

Началникот уапсен во завчерашната акцијан а македонската полиција во скопски Чаир се договорил со Обвинителството. Тој спогодбено ја прифатил понудата на Обвинителот и случајот воопшто нема да оди на Суд а тој ќе треба да одлежи 2 години затвор. Ваква можност на обвинителството му даваат новите измени во Законот за кривична постапка. 
За разлика од началникот од крвни делекти, двајцата инспектори не прифатиле договор со Обвинителот, па ним икм се одредени по 30 дена притвор, а за тоа дали и каква казна ќе добијат, ќе одлучува Судот во редовна кривична постапка.
Тројцата вработени во МВР беа уапсени завчера вечерта пред комплексот Чаирчанка. Според информациите кои ги објави МВР тие од лице од Скопје зеле 2000 евра заканувајќи му се со кривична пријава. -      

„Двајцата пријавени инспектори од оштетениот на средба во населбата Автокоманда ги примиле технички обработените пари - 4 банкноти во апоени од по 500 евра. Потоа со патничко моторно возило марка „Ауди А/4“, сопственост на еден од нив се упатиле во населбата Чаир во Скопје на ул. „Цветан Димов“ каде во правното лице ЛЕДИ КОМ ГРУП овластен преставник на ВЕСТЕРН УНИОН направиле обид за раситнување, односно замена на банкнотите со други во помали апоени, а во иста вредност. При тоа во просториите на ЛЕДИ КОМ ГРУП двајцата се приведени и пронајдени се обработените банкноти“ - изјави вчера помошникот министер за односи со јавноста во МВР, Иво Котевски

Видеото од апсењето погледнете го тука

 

 

21.03.2014 - 10:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега