Внимавајте каде паркирате - пајакот повторно „лапна" голем број автомобили

Во текот на вчерашниот ден пајакот повторно направи парче во Скопје. Со помош на специјалното возило биле отстранети 59 возила од скопските улици кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот. 

Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден откри и санкционира 71 пешак. Санкционирани се и 11 возачи на мопеди и мотоцикли коишто сториле прекршок по различни основи, пет возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење и четворица возачи кои го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото.

Во текот на изминатото деноноќие се случиле и осум сообраќајни незгоди на подрачјето на Град Скопје.

21.03.2014 - 10:07
Фото: 
скопјеинфо.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега