Колку идентитети имал нарко-босот Дарко Шариќ?

Нарко-босот Дарко Шариќ поседувал повеќе пасоши од различни држави. Според некои наоди имал дури 11 пасоши а само две гласеле на негово име оној пасош кој го извадил во Србија и оној во Словачка.

Пасошот за Словачка господарот на  дрогата  го добил на 25 јануари 2006 година. година, за период од 10 години.

Фалсификуваниот француски пасош на негово име е пронајден пред две години во Црна Гора.

Хрватскиот пасош на нарко босот Шариќ гласел на име на Јосип Врховац покоен политичар од времето на СФРЈ.

Шариќ поседувал пасоши од Русија, Јужноафриканската Републикас, Литванија, Швајцарија а сите фотографии на пасошите биле различни како и годината на раѓање.

21.03.2014 - 09:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега