Повторно лоши вести за Шумахер

Седумкратниот шампион во Формула 1, Михаил Шумахер, кој веќе скоро три месеци се наоѓа во вештачка кома по страотната несреќа за време на скијањето на француските Алпи, сега тежи само 55 килограми, 20 килограми помалку од неговата телесна тежина пред несреќата.

- Губењето килограми е нормално за пациентите кои подолг период се во кома, но губењето 20 килограми е премногу за луѓе со нормална тежина.Најверојатно неговите мускули се целосно пропадната поради тоа што возачот не се движи, ели докторот Курт Џејм.

Експертите сметаат дека шансите за целосно опоравување на шампионот се минимални.

За потсетување, тој се повреди за време на скијањето на француските Алпи на 29 декември, а му беа извршени и две операции при кои му беше отстранет половина череп. Во последно време се повеќе се појавуваат црни прогнози за Шумахер, но неговото семејство и понатаму верува дека тој е борец и ќе ја добие и оваа битка во животот.

21.03.2014 - 09:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега