Саудијка се искачи на врвот на светот
Раха Мохарак е најмладата арапска жена која успеала да го освои највисокиот врв на светот Монт Еверест. Дваесет и петгодишната Саудијка е единствената Саудијка која успеала да се искачи на врвот на светот. Таа била во друштво на уште тројца членови. Еден државјанин на Катар и еден Палестинец исто така за прв пат учествувале на еден ваков подвиг. Експедицијата имала за цел да собере милион долари за проекти од областа на образованието во Непал. Раха Мохарак потекнува од Џеда, а поседува универзитетска диплома. Моментално живее во Дубаи.
- Во Саудиска Арабија, конзервативна муслиманска земја каде правата на жените се многу ограничени, таа морала да надмине многу препреки за да ја оствари својата цел. Да се убеди нејзиното семејство да ѝ дозволи да се приклучи на експедицијата беше исто толку тешко како и самото искачување на врвот од планината - раскажуваат членовите на нејзиниот тим.